Потпишан договорот за продажба на плацовите кај скопска Стара железничка

Bez autora
Mar 12 2012

Во понеделникот во Министерството за транспорт и врски, министерот Миле Јанакиески и претставници на турската компанија „Лимак" го потпишаа договорот за продажба на градежното земјиште во главниот град Скопје. Турската компанија „Лимак" кон крајот на февруари беше избрана за најповолен понудувач при електронското јавно наддавање, а во предвидениот рок ги уплати средствата согласно висината постигната на аукцијата, и тоа за едната градежна парцела со површина од 31.929 м2, вкупна цена од 201.152.700 денари, а за втората градежна парцела со површина од 9.895 m2, вкупна цена од 30.674.500 денари. Компанијата од Турција, исто така, достави соодветни банкарски гаранции за навремено и квалитетно завршување на работите во износ од 500 илјади евра и 200 илјади евра, со рок на важност до крајниот датум за завршување со изградбата на градбите предмет на договорот за отуѓување на градежно земјиште, договор склучен со Град Скопје со кој се уредуваат односите за изградба на подземна сообраќајница, обврска на најповолниот понудувач.

Потпишан договорот за продажба на плацовите кај скопска Стара железничкаВо понеделникот во Министерството за транспорт и врски, министерот Миле Јанакиески и претставници на турската компанија „Лимак" го потпишаа договорот за продажба на градежното земјиште во главниот град Скопје.

Турската компанија „Лимак" кон крајот на февруари беше избрана за најповолен понудувач при електронското јавно наддавање, а во предвидениот рок ги уплати средствата согласно висината постигната на аукцијата, и тоа за едната градежна парцела со површина од 31.929 м2, вкупна цена од 201.152.700 денари, а за втората градежна парцела со површина од 9.895 m2, вкупна цена од 30.674.500 денари.

Компанијата од Турција, исто така, достави соодветни банкарски гаранции за навремено и квалитетно завршување на работите во износ од 500 илјади евра и 200 илјади евра, со рок на важност до крајниот датум за завршување со изградбата на градбите предмет на договорот за отуѓување на градежно земјиште, договор склучен со Град Скопје со кој се уредуваат односите за изградба на подземна сообраќајница, обврска на најповолниот понудувач.

Најповолниот понудувач за оваа локација има обврска, на свој трошок, во целост да ја изгради подземната сообраќајница, предвидена согласно Деталниот урбанистички план „Стара Железничка Станица" и по изградбата на истата, без надомест, да ја предаде во владение на Град Скопје.

Компанијата „Лимак Холдинг" претставува еден од најголемите инвеститори во Република Турција. Таа од 1976 година работи со инвестиции во градежништвото, туризмот и енергетиката. Оваа компанија е сопственик на еден од најголемите хотелски синџири во Турција и Кипар, со континуиран раст, а компанијата оперира и со повеќе хидроелектрани во Турција и Грузија, како и со аеродромите „Сабиха Гокчен" во Истанбул и меѓународниот аеродром во Приштина.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik